Top Sport

„Возниот парк“ на ѕвездите на Манчестер јунајтед е импресивен

Снимката на која се гледаат фудбалерите на Манчестер јунајтед како си заминуваат од тренинг привлече огромно внимание на социјалните мрежи поради спектакуларните автомобили кои ги возат.

Во Премиерлигата, најбогатата фудбалска лига на светот, платите на фудбалерите се астрономски, така што не зачудува што ретко кој од ѕвездите на Јунајтед има „слаба машина“.

Капитенот Хери Мегваер вози „Ренџ Ровер“, популарен избор меѓу фудбалерите, додека Лисандро Мартинез, Ентони Еланга, Диого Далот, Маркус Рашфорд и Виктор Линделоф имаат „Мерцедес“, додека голманот Том Хитон е најскромен со „Ауди“. Кристијано Роналдо, секако, вози Бентли, а изненадува и возилото на помошникот на Тен Хаг, Мичел ван дер Гаг, кој има фантастично Ламборгини.

Scroll to Top