Веднаш штом заврши ЕУРО2020, најпознатата страница за проценка на вредноста на фудбалерите „Трансфермаркт“ пресмета цената на кој фудбалер скокна по континенталниот собир.
„Ги земавме во предвид играчите кои значително напреднаа во текот на турнирот и со своите игри стекнаа светско внимание, што на крајот доведува до зголемен интерес на фудбалскиот пазар“ објасни координаторот во „Трансфермаркт“, Кристијан Шварц.
Цената на тројца играчи се зголемила за најмалку 10 милиони евра.
Прв меѓу нив е 18-годишниот Шпанец, Педри кој сега вреди 80 милион евра. На почетокот на сезоната, кога дојде во Барселона вредеше 7 милиони евра, па за само една сезона неговата цена пораснала за дури 73 милиони евра.
Следен е Федерико Киеза, еден од најдобрите и најопасните играчи на Италија на ЕП. Тој има само 23 години. Неговата цена се проценува на 70 милиони евра.
Трет е Калвин Филипс, англискиот играч од средниот ред. Играчот на Лидс одигра одлично првенство и сега неговата цена е 40 милиони евра.
Ова се останатите фудбалери чија цена порасна по ЕП:
-Деклан Рајс (Англија) – 70 милиони евра (+5 милиони)
-Џанлуиџи Донарума (Италија) – 65 милиони евра (+5)
-Лук Шо (Англија) – 42 милиони евра (+7)
-Пјер-Емил Хојбјерг (Данска) – 40 милиони евра (+5)
-Патрик Шик (Чешка) – 28 милиони евра (+5)
-Микел Дамсгард (Данска) – 20 милиони евра (+7)
-Јоаким Маеле (Данска) – 19 милиони евра (+6)