За да се оправда неговата клучна улога во тимот, Манчестер јунајтед подготвуваат нов договор за Бруно Фернандеш со кој би му ја удвоиле сегашната плата на 200.000 фунти неделно, јавува британскиот „Мирор“.
Фернандеш има 22 гола и 14 асистенции во 37 меча под Оле Гунар Солскјер, и повторно покажа што значи за „ѓаволите“ оваа сезона, откако влезе на полувремето при гостувањето со Вест хем и ги инсипираше Јунајтед да стигнат до камбек 3:1 победа.
26-годишнот Португалец е само 11 месеци на „Олд Трафорд“, а има четирииполгодишен договор, но сега управата е подготвена да му даде дополнителни 12 месеци и двојно повисока плата. Неговата плата од 100.000 фунти неделно е иста со таа на Џеси Лингард и голманот Дин Хендерсон, а во споредба Давид де Хеа добива 350.000 фунти, а Пол Погба 300.000 фунти.