Top Sport

Џоџо со најдобриот УФЦ нокаут – го тресна противникот од земја!

Џордан „Манки Џоџо“ Ливит го имаше еден од најдобрите нокаути во УФЦ оваа година, откако во саботата на УФЦ Вегас 16 го „заврши“ ветеранот Мет Витман во првата рунда со неверојатно „трескање“ на противникот од земја.

Мечот во лесна категорија заврши експресно бргу, за само 22 секунди, откако двајцата фајтери влегоа во клинч веднаш, а Ливит го крена противникот, го однесе до својот агол и го тресна од земја, завршувајќи го мечот. Витман остана на подот повеќе од пет минути додека добиваше медицинска помош.

Scroll to Top