Вечерва во Мадрид, Реал и Барселона ќе го одиграа 246. Ел класико. Барселона во најголемото дерби на шпанскиот фудбал влегува со бод помалку од лидерот Атлетико и два бода повеќе од Реал. Шпанците прогонозираат дека победникот ќе има поголеми шанси до крајот на сезоната да се бори за шампионската титула. Нерешн резултат би им одел во прилог на фудбалерите на Атлетико.
Реал Мадрид, во Ел класико, влегива со победи на последните два натпревари, минатата сезона во Мадрид беше 2:0, а првиот дуле оваа сезона, одигран во Барселона, тимот на Зинедин Зидан го доби со 3.1. Барселона нема победа над Реал од 2019 година.
Навивачите очекуваа голови, а статистиката ги поддржува нивните желби. Само три од натпревари од 2002 година наваму, во сите натпреварувања, завршиле без постигнат гол.
Двата тима ќе влезат со свои планови во дербито. Реал, во вторникот, го победи Ливерпул во Лигата на шампионите, додека Барселона, во натпревар кој „крена прашина“ во шпанската јавност, едвај го победи Ваљадолид во Ла Лига.
Зидан, веројатно ќе почне со истите 11, со кои стартуваше и против Ливерпул. Тој нема многу простор за маневри, бидејќи не може да смета на Карвахал, Рамос, Варан и Азар. Куман, од друга страна, се очекува да го врати Де Јонг во редот за врска, во одбраната би играл Араухо, а на клупата би се преселил Гризман.