Кристијано Роналдо наскоро ќе направи одлука за својата иднина, откако италијанските медиуми најавуваат дека ќе се сретне со својот агент Жорге Мендеш по шпекулациите дека е можно да замине од Јувентус една година пред крајот на договорот.
Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид претходно изјави дека ќе одлучи за својата иднина по Европското првенство и по елиминацијата на Португалија, тоа време е пред нас. Според „Ла газета дело спорт“, Мендеш ќе добие насоки кои ќе треба да ги испочитува на преговорите со „старата дама“, иако официјално Јувентус уште не добил понуда за ветеранот.
Мендеш пред неколку недели бил на состанок во Милано со претставници на повеќе клубови, но не и на Јувентус. Се тврди дека Пари Сен-Жермен, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид се единствените клубови кои се доволно финансиски моќни да го преземат Роналдо.
Според „Скај спорт Италија“, Роналдо мора да ја намали годишната плата од 31 милиони евра за да замине од Торино. Јувентус се подготвени да го продадат за околу 30 милиони евра, бидејќи ако остане во клубот до јуни 2022 ќе го чини клубот фантастични 87 милиони евра и ќе може да замине без отштета.
CR7 e ora? Il portoghese tiene la #Juve col fiato sospeso https://t.co/i7HcnudHRm
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 29, 2021