Top Sport

Врие во Барселона, Чави го откажал денешниот тренинг

Тренерот на Барселона Чави Ернандез го откажал денешниот тренинг. Шпанските медиуми пишуваат дека елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите предизвикала сериозни потреси во клубот.

На тренингот се појавиле само капитенот Серхио Роберто, Педри и Гави кој се опоравува од повредата на коленото.

Атмосферата е лоша, а тензиите се зголемија по изјавите на Илкај Гиндоан. Германскиот репрезентативец отворено критикуваше неколку соиграчи за лошите одлуки во текот на реваншот со ПСЖ.

„Силна е поделбата во соблекувалната по изјавите на Гундоган“, пишува „АС“.

Чави заедно со членовите на стручниот штаб решија да ии дадат слободен ден на фудбалерите, поради што и го откажале денешниот тренинг.

Барселона, викендов, ја очекува Ел Класико, в недела од 21:00 часот во Мадрид.

До крајот на првенството остануваат уште седум натпревари, а на табелата води Реал со осум бодови повеќе од Барселона.

Да потсетиме, Чави следната недела треба да разговара со претседателот Џоан Лапорта, доколку не добие ветувања дека ќе му ги добие засилувања во летниот преоден рок, тој на 1.јули ќе го напушти клубот.

Scroll to Top