Top Sport

Врие во Наполи, Де Лаурентис се заканува со казни, Анчелоти е пред отказ

Тренерот на италијански Наполи, Карло Анчелоти е пред отказ во клубот затоа што не ја прифати одлуката на сопственикот на клубот, Аурелио Де Лаурентис да ја задржи екипата во карантин.

Играчите по синоќешниот дуел со Салцбург (1-1) наместо во хотелот, си заминале дома, а Анчелоти застанал на нивна страна.

Тој неговиот протест го изкажа со непојавувањето на прес-конференцијата по мечот. Тренерот синоќа останал во хотелот, а денеска го напуштил.

Наполи пред почетокот на сезоната беше еден од главните фаворити за титулата во Серија А, но по речиси третина од шампионатот, тимот е на седмата позиција на табелата. По ремито со Салцбург во рамки на ЛШ пропушти можност да се пласира во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис денеска најави дека клубот подготвува казни за однесувањето на фудбалерите, а им забрани на своите играчи во меѓувреме да даваат изјави за медиумите.

„Клубот најавува дека ќе стори сè што е во нашата моќ за да ги заштити економски интереси, имиџ-права и дисциплински интереси, а во врска со однесувањето на првиот тим по завршувањето на синоќешниот натпревар. Клубот исто така сака да појасни дека тренерот Карло Анчелоти ја има одговорноста за донесување на одлуки во однос на тренинг кампот. Исто така, дека во блиска иднина нема да има изјави за медиумите“, објавија од Управата на Наполи.

Scroll to Top