Top Sport

ПСЖ го порази Флензбург сред Германија, на врвот e пред Барса

Францускиот ракометен шампион ПСЖ вечерва славеше минимален, но многу значаен триумф нагости кај Флензбург во Германија, во рамки на 7. коло од ракометната Лига на шампиони. Ова беше трет пораз во низа за шампионот на Германија со што тимот падна на петтата позиција во групата.

Гостите беа поефикасни во првото полувреме, го добија само со резултат 14-13 иако во три наврати имаа и +4, последен пат при 7-11.

Во вториот дел домаќините неколкупати го изедначија резултатот, но ниту еднаш не успеаја да поведат. Во последната минута од мечот беше 29-29, но ПСЖ со голот на Микел Хансен стигна до конечните 29-30.

Никола Карабатиќ и Микел Хансен со по 6 гола кај гостите беа ударната игла, додека Сагосен мечот го заврши со 4 погодока.

Кај екипата на Флензбург најефикасни беа Род и Штајнхаузер со по шест гола, Готфридсон постигна еден помалку.

Во 8. коло Флензбург ќе му гостува на ПСЖ во Париз. На табелата ПСЖ е прв со 12 бода, пред Барселона која има 10, но и меч помалку.

Scroll to Top