Top Sport

Врсаљко би можел да се врати во Атлетико

Дојде во Интер како големо засилување, со можност неговиот договор да биде откупен по завршувањето на сезоната, меѓутоа иднината на Шиме Врсаљко во овој клуб е крајно неизвесна.

Десниот бек блесна на Светското првенство во Русија и беше еден од најважните играчи во хрватската репрезентација во походот кон финалето. Лучано Спалети и клупските челници веруваа дека Врсаљко е совршен играч за Интер, поради што решија за 6,5 милиони евра, со право на откуп по завршувањето на сезоната, да го донесат десниот бек од Атлетико Мадрид.

Шест месеци подоцна шпанскиот весник „АС“ пишува дека Врсаљко на крајот од сезоната ќе се врати во Атлетико, односно Интер нема да ја искористи опцијата за 17,5 милиони евра да го откупи неговиот договор.

27-годишниот десен бек настапи на три од последните пет натпревари на Интер. Играше против Киево, Емполи и Беневенто, а на клупата беше на натпреварите против Наполи и Сасуоло.

Scroll to Top