Top Sport

Врсаљко доби дозвола да потпише за Интер

„Газета дело спорт“ тврди дека Атлетико Мадрид се согласиле да го продадат својот дефанзивец, Шиме Врсаљко на Интер, првично на едногодишна позајмица, со опција да го купат следното лето.

Клубот од Милан би платил 8 милиони евра за позајмицата на хрватскиот репрезентативец и дополнителни 18 милиони евра следното лето.

Врсаљко имаше одлична сезона, откако успеа да помогне Атлетико Мадрид да стигне до титулата од Лигата Европа минатата сезона со победата на Марсеј, по што следуваше фантастичниот пласман во финалето на СП во Русија со Хрватска, каде што ги одигра сите мечеви.

Интер не би бил прв клуб од Серија А за Врсаљко, бидејќи пред да направи трансфер во Атлетико, тој играше за Сасуоло.

Scroll to Top