Top Sport

Нокаут во базенот, па жалење на судиите! (видео)

Србија ја победи Хрватска со 9:7 во четвртокот и се пласираше во финалето на Европското првенство во ватерполо, каде што ќе се сретнат со Шпанија, во меч со многу искри, контроверзи и обвинувања за судска „кражба“.

Најконтроверзниот момент секако беше потегот на хрватскиот ватерполист Лорен Фатовиќ, кој во втората четвртина намерно со рака го удри српскиот капитен Филип Филиповиќ, потег за кој не беше казнет бидејќи судиите не го забележаа тоа. Фатовиќ, сепак, подоцна беше исклучен поради друг прекршок.

Сепак, на судењето, повеќе замерки имаа Хрватите, откако нивниот селектор Ивица Туцак ги обвини Русинот Сергеј Наумов и Полјакот Радослав Корзина дека дозволиле „тепачки“ во базенот и ги нарече полу-идиоти. Туцак беше исклучен во последната четвртина без вистинска причина додека се обидуваше да ги смири ватерполистите кои се лутеа на судиите.

„Што да се зборува за овој спорт кога имате полуидиоти. Исклучен сум без да кажам еден збор. Не се играше ватерполо, туку некое борење во кое не се снајдовме најдобро. Ова нема врска со ватерполото. Честитки на Србија на победата, но судиите го одлучија овој меч“, изјави Туцак.

Дуелот на светските шампиони Хрватска и актуелните европски и олимписки шампиони, Србија, сепак заврши на „добра нога“. Српскиот селектор Дејан Савиќ по крајот на мечот наместо да слави со своите ватерполисти веднаш отиде кај хрватската клупа и се поздрави со ривалите. Физиотерапевтот Дамир Лукиќ дури доби бакнеж!

Србија ја „потопи“ Хрватска за ново европско финале

Scroll to Top