Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко, десет месеци е отсуствува од фудбалските терени. Врсаљко, минаата недела го оперираше десното колено.
Врсаљко беше еден од најдобрите играчи на Хрватска на Светското првенство во Русија. По завршувањето на Мундијалот тој од Атлетико замина на позајмица во Интер. Клубот од Милано плати 2,5 милиони евра за неговите услуги, а во договорот на клубовите беше вметната клаузулата дека Интер може да го откупи неговиот договор за 16 милиони евра.
Во Интер не успеа да се наметне, најмногу поради хроничната повреда на десното колено. Минатата недела тој го оперираше коленото и се врати во Мадрид.
„Нема да се врата на фудбалските терени се додека не бидам 100 отсто подготвен. Нема да брзам, ќе се вратам посилен“, рекол Врсаљко.
За неговата рехабилитација ќе се грижи лекарскиот тим на Атлетико. Хрватот со клубот од „Ванда Метрополитано“ има договор до јуни 2022 година.