Интер официјално потврди дека десниот бек на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко е нивното ново засилување, откако тој доаѓа како позајмен играч (за околу 6.5 милиони евра), со опција за откуп за сума од 17.5 милиони евра следната сезона.
Според италијанските медиуми, на 26-годишниот Хрват, кој претходно играше во Џенова и Сасуоло во Италија, веќе му е ветен четиригодишен договор по следната сезона. Врсаљко е седмо засилување за Интер оваа година, и наскоро може да добие „друштво“ во Артуро Видал од Баерн Минхен.
„Среќен сум што можам да играм за голем клуб како Интер. Имам искуство во Италија, но сега сум подготвен за нешто повеќе со моите сонародници Перишиќ и Брозовиќ. Оваа сезона ќе играме во Лигата на шампионите и мораме да ги усреќиме фановите“, вели Врсаљко.
“Contento e orgoglioso di essere in un grande club come l’Inter” ⚫?
Leggi qui le prime parole di @Vrsaljko in nerazzurro ? https://t.co/oom9NbqGPN#WelcomeVrsaljko #InterIsHere #FCIM
— Inter (@Inter) August 1, 2018