Top Sport

Врсаљко се враќа во Серија А

Аталанта е на пат да го реши проблемот на бековската позиција, предизвикан од тешката повреда на Холанѓанецот Ханс Хатебур. Блиску до трансфер во бергамо е поранешниот хрватски репрезентативец Шиме Врсаљко, тврдат италијанските медиуми.

Ханс Хатербур, во саботата, против Лацио ги скина предните вкрстени лигаменти во десното колено. Сезоната за него е заврена. Тој до крајот на денот ќе биде опериран.

Аталната ќе ја искористи опцијата за да го донесе Врсаљко. хрватот е слободен играч откако на крајот на ноември спогодбено го раскина договорот со Олимпијакос. Во зимскиот преоден рок тој не најде нов клуб.

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини го познава Врсаљко уште од нивните заднички денови во Џенова, кога работеа заедно во 2013 година.

Врсаљко во кариерата освен за Динамо Загреб настапуваше и за Задар, Локомотива, Џенова, Сасуоло, Атлетико Мадрид, Интер и Олимпијакос.

За хрватската репрезентација одигра 52 натпревари, а го освои среброто на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Scroll to Top