Top Sport

Врсаљко замина во пензија

Минатото лето Шиме Врсаљко се повлече од националниот тим, а сега изненади со одлуката да стави крај на кариерата. 31. годишниот Врсаљко два месеци е без клуб откако си замина од Олимпијакос. Честите повреди најмногу влијаеа да донесе ваква одлука.

Со хрватската репрезентација Врсаљко беше вицешампион на светот во Русија во 2018 година. Дресот на Хрватска го носеше на 52 натпревари. На Мундијалот во Русија, речиси сите натпревари ги одигра под инјекции поради повредата на коленото.

Од таа повреда никогаш во целист не успеа да се рехабилитира.

Во кариерата настапваше за Локомотива, Џенова, Сасуоло, Атлетико Мадрид и Интер, а последен клуб му беше Олимпијакос. Осво два трофеи во кариерата и двата со Атлетико Мадрид. Лига Европа во 2018 година и титулата во шпанската лига во 2021 година.

На „Трансфермаркт“, заедно со неговото име и детали за неговата кариера, сега има интересна информација за неговиот нов ангажман – како што наведува овој специјализиран сајт, Врсаљко сега работи во агенцијата „Universal Twenty Two“.

Оваа агенција се грижи за кариерите на Лука Модриќ, Немања Матиќ, Александар Исак…

Scroll to Top