Top Sport

Врвот на иронијата – фудбалскиот клуб Вухан зал избега од Шпанија поради корона вирусот

Кинескиот фудбалски клуб Вухан зал го прекина својот тренинг-камп во Шпанија поради стравувања од корона вирусот и се врати во својата татковина, од каде што иронично, започна пандемијата, но сега е посигурно од европските земји.

Одлуката да се вратат во Кина, каде што постојано има намалување на бројот на новите инфицирани, секако е врвот на иронијата, но и посочува кон фактот дека сега е побезбедно во Вухан отколку на европското сонце.

Scroll to Top