На младиот хрватски дефанзивец, Марио Вушковиќ му се заканува долга суспензија од фудбалот, но и затворска казна во Германија, откако Хамбургер потврдија дека и неговиот втор примерок бил позитивен на еритропоетин (ЕПО), средство кое го зголемува бројот на црвените зрнца и вообичаено беше злоупотребуван од велосипедистите, на кои им е потребна голема издржливост.
21-годишниот Вушковиќ, кој пристигна во Германија од Хајдук во текот на летниот преоден рок, првпат беше позитивен во септември, по што клубот го отстрани од тренинзите на клубот, а полицијата влезе во неговиот стан и му беше одземен компјутерот и телефонот.
Според германските медиуми, покрај казната од четири години за позитивниот тест, можно е тој да добие и затворска казна, посочувајќи на примерот на поранешниот германски боксер, Феликс Штурм, кој во 2016 беше осуден на три години затвр поради допинг, физичко насилство и затајување данок.
HSV statement on Mario Vuskovic's positive B sample ⬇https://t.co/yQWwAkl7Zl
— HSV English (@HSV_English) December 15, 2022