Top Sport

Втора лига: Беса убедлива против Новаци, триумфираа и Пелистер и Беласица

Беласица стигна до првата победа во новата сезона од Втората фудбалска лига откако на домашен терен го победи Тетекс со 2:0. Петар Иванов беше стрелец на првиот гол во 80.минута, а домашните фудбалери го потврдија триумфот во судиското надополнување.

Беса го победи Новаци на гости со 1:4. Фитон Адеми постигна хет-трик за Беса, а стрелец за гостите беше и Изаир Емини.

Аљбан Мемеди донесе триумф од 1:0 за Детонит Плачковица против Арсими.

Пелистер славеше кај Саса во Македонска Каменица со головите на Михаил Талевски и Благоја Љамчевски.

Кожуф го победи Скопје со 4:2, со головите на Ангел Кочев, Александар Богданоски, Давид Ристовски и Ќире Митков. Стрелци за Скопје беа Антонио Божиновски и Дино Најдоски.

Башкими на гости го победи Осогово со 2:3. Караорман триумфира против Вардар Неготино со 2:0, а Победа и Охрид одиграа без голови.

 

Scroll to Top