Top Sport

Втора лига: Пелистер поуспешен од Беласица, убедливи триумфи за Беса и за Победа

Пелистер имаше успешен старт на сезоната во Втората лига откако го доби дербито против Беласица во Струмица со 0:2. Љамчевски од пенал во првото полувреме донесе водство, а Спиркоски со удар глава во вториот дел го потврди триумфот.

Беса убедливо го победи Осогово на гости со 0:4, а и Победа беше разиграна и славеше со 5:1 против Тетекс.

Башкими минимално го победи Охрид со 1:0, а Новаци трумфираше со 2:0 против Арсими, а Кожуф со 3:0 го надигра Караорман.

Детонит оствари триумф од 1:0 против Вардар Неготино, а Каменица Саса и Скопје ремизираа, 1:1.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');