Top Sport

Втора ослободителна пресуда за претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи

Швајцарскиот суд повторно го ослободи од обвиненијата претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи во обновеното судење за наводната корупција со поврзаноста со поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.

Ал-Хелаифи повторно беше ослободен од обвинението за намера за криминал за неговата дозвола Валке да ја користи неговата викендичка на Сардинија. Валке, кој беше осум години во ФИФА пред да биде отстране во 2015, беше осуден на посебно обвинение кое не е поврзано со Ал-Хелаифи – тој добивал пари во преговорите за ТВ-правата на СП во Италија и Грција, добивајќи 11-месечна условна казна затвор.

„По години неосновани обвиненија, измислен криминал и постојани обиди за дискредитирање, вистината по вторпат излезе на виделина“, изјави неговиот адвокат Марк Бонан.

И покрај овој случај, Ал-Хелаифи беше избран за член на извршниот комитет на УЕФА во 2019, а во моментов е и претседател на влијателната Европска асоцијација на клубови (ЕЦА), по заминувањето на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Scroll to Top