Победниците на последните две изданија на Лигата на нации, Шпанија и Франција во Штутгарт ќе го одиграа второто полуфинале, по што ќе биде познта противникот на Португалија во финалето. Португалците синоќа ја победија Германија со 2.1.
Дуелот помеѓу Шпанија и Франција ќе биде реприза на финалето од сезоната 2020/2021 и полуфиналето на ЕУРО 2024.
Шпанија стигна до полуфиналето по драматичната победа над Холандија во четвртфиналето.
По нерешениот резултат 2:2 во Ротердам, а потоа и трилерот 3:3 во Валенсија, „црвената фурија“ победи во изведувањето на пенали со 5:4, благодарение на победничкиот шут на Педри.
Шпанците се победници од 2023 година и второпласирани од 2021 година на ова натпреварување.
Со свежи спомени од освојувањето на ЕУРО 2024, тие се враќаат во Германија со надеж за нов триумф.
Иако недостасуваат клучни играчи кои победуваат во натпреварите како Карвахал и Родриго, тренерот Луис де ла Фуенте има способност да го извлече максимумот од помалку искусните фудбалери кои горат од желба за победа.
Минатото лето, Јамал и Олмо ѝ зададоа клучни удари на Франција во полуфиналето на Европското првенство.
Дали „црвената фурија “ има сила за уште еден подвиг?
Франција, исто така, стигна до полуфиналето преку пенали, откако се врати од негатива од 2:0 во првиот натпревар против Хрватска.
Михаел Олисе и Усман Дембеле го израмнија вкупниот резултат во Париз, потоа Мајк Мањан го одбрани решавачкиот пенал, додека Дајо Упамекано го постигна победничкиот гол во уште едно изведување на пенали кое заврши 5:4.
Французите ќе сакаат да и се реваншираат на Шпанија за поразот во полуфиналето (1:2) на ЕУРО 2024.
Со седум играчи кои играа во финалето на Лигата на шампионите, прашањето е како Дидие Дешан ќе ги подготви за натпреварот, кој може да биде клучен за исходот од натпреварот.
Повредите на тројца од четворицата стандардни дефанзивци го принудија тренерот да ги промени своите планови.
Можни состави:
Шпанија: Унаи Симон – Мингеса, Кубарси, Хујсен, Кукуреља – Педри, Руиз – Јамал, Олмо, Вилијамс – Мората
Отсутни: Родри, Карвахал, Лапорт, Ајозе Перез, Феран Торес
Франција: Мењан – Калулу, Конате, Ленгле, Ернандез – Коне, Рабио – Дембеле, Олисе, Дуе – Мбапе
Отсутни: Камавинга, Кунде, Салиба, Упамекано