Неколку изненадувачки резултати донесе 24.коло во Премиер лигата, кое го обележа повредата на капитенит на Челси, Сесар Аспиликуета. Манчестер сити освои само бод во Нотингем, Челси на домашен терен доживеа пораз од фенерџијата Саутемптон. Фулам во 88.минута славеше кај Брајтон, а Евертон и Бортнмут со победите над Лидс, односно Вулверхемптон излегоа од опасната зона. Брентфорд во 96.минута со голот на Јагелт се спаси од пораз против Кристал Палас.
Манчестер сити по победата над Арсенал во Лондон не успеа да победи во Нотингем. „Граѓаните“ иаа предност со голот на Бернандо Силва во првиот дел, доминираа во второто полувреме, Ерлинг Халанд промаши две мртви шанси, една таква имаше Фил Фоден. Промашувањата на играчите на Сити ги казни играчот на Њукасл на позајмица во Нотингем Форест, Крис Вуд во 85.минута.
Саутемптон освои важни бодови во борбата за опстанок на „Станфорд Бриџ“ во Лондон. „Светците“ славеа со спектакуларниот гол на Ворд-Праус во 45.минута. Мечот го обележа тешката повреда на Аспиликуета во 84.минута. Играчот на Саутемптон Мара, во обид да фати ножички директно во главата го удри капитенот на Челси.
Резултати:
Вулверхемптон-Борнмут 0:1
Евертон-Лидс 1:0
Брентфорд-Кристал Палас 1:1
Челси-Саутемптон 0:1
Нотингем Форест-Манчестер сити 0:1
Брајтон-Фулам 0:1