Top Sport

Конор се избра како „ГОАТ“, Хабиб му одговори: Ти се најдобриот… На Твитер

Хабиб Нурмагомедов се потсмеваше со тврдењето на својот стар ривал Конор Мекгрегор дека ќе влезе во историјата како еден од најдобрите четири ММА фајтери во историјата.

Ирецот, кој е поранешен шампион во две категории, во саботата преку социјалните мрежи објасни зошто би бил во друштво со Андерсон Силва, Жорж Сен-Пјер и Џон Џонс како најдобар борец кој влегол во октагонот.

Мекгрегор преку Твитер објасни дека е во моментов втор зад Силва, или заедно на првото место со Бразилецот, и Нурмагомедов, кој во октомври 2018 го совлада Мекгрегор во една од најинтересните пресметки во и надвор од кафезот и му одговори на Ирецот дека тој има порази во три различни тежини.

„Се откажа во перо категорија, во лесна категорија и во велтер категорија, никогаш не ја одбрани титулата, се предаде повеќе пати од тројцата заедно. Ти си можеби најдобриот УФЦ фајтер во историјата на Твитер“, напиша Нурмагомедов.

Scroll to Top