Ед Вудворд, извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, објави дека си заминува од клубот не поради фијаското околу Европската Суперлига, туку бидејќи не го поддржувал формирањето на елитната група, тврди „Скај спортс“.
Се потврди дека Вудворд ќе замине во вторникот навечер, неколку часа пред Манчестер јунајтед да се повлечат од проектот, и иако во соопштението не се споменуваше Суперлигата, информациите на „Скај“ велат дека Вудворд не можел да ги поддржи газдите, семејството Глејзер, иако тој пристигна во клубот по нивното преземање на клубот во 2005 и стана потпретседател во 2012.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, претходно изјави дека Вудворд неколку дена пред објавата за Суперлигата го поддржал планот за реформа на УЕФА за Лигата на шампионите, нарекувајќи го „змија и лажго“.
Лутите навивачи на Манчестер јунајтед денеска протестираа против газдите, блокирајќи го влезот на тренинг-центарот во Керингтон и барајќи состанок со Оле Гунар Солскјер.