Top Sport

Вулверхемптон го претставија најскапото засилување во клупската историја

Матеус Нунес официјално ја зголеми португалската колонија во членот на англиската Премиер лига, Вулверхемптон.

Клубот потпиша договор со него на пет години и патем го собори клупскиот рекорд плаќајќи 45 милиони евра за неговиот трансфер.

Нунес (23) доаѓа од Спортинг Лисабон, каде пристигна во 2020 година и одигра вкупно 101 натпревар, постигнувајќи осум гола, а со тимот ја освои титулата во сезоната 2020/2021.
Португалецот ќе го носи бројот 27 во новиот клуб.

Тој ќе има шанса да дебитира во сабота на мечот од третото коло во Премиер лигата со Тотенхем.

 

Scroll to Top