Top Sport

Вулверхемптон му порачаа на Клоп да престане да плаче дека бил ограбен

Главна тема во Англија и понатаму се судиските грешки на натпреварот Тотенхем-Ливерпул, одигран во саботата. Тотенхем со двајца играчи повеќе победи 2.1 со авто-голот на Матип во 95.минута.

Она што најмногу се издвојува од овој натпревар е поништениот гол на Луис Дијаз во првото полувреме, при резултат 0:0 и во ситуација кога Ливерпул веќе имаше фудбалер помалку на теренот.

Судиската организација на Англија експресно се огласи по натпреварот и призна дека Ливерпул е оштетен. Два дена подоцна е откриено дека лоша била комуникацијата меѓу главниот судија и судиите во ВАР собата.

Од саботата, Јирген Клоп секоја прилика ја користи за да каже дека натпрварот треба да се преигра, бидејќи нешто слично никогаш не се случило во наглискиот фудбал.

На овој негов последен коментар му одговорија од Вулверхемптон.

Тие објавија видео од прес-конференцијата на Клоп на нивниот канал на „Тик Ток“, како и и видео од минатогодишниот натпревар од ФА Купот што го одиграа против Ливерпул на „Енфилд“.

Тогаш на Вулверхемптон и беше поништен победничкиот гол во самиот финиш на натпреварот, а ВАР направи сериозна грешка на овој натпревар.

Scroll to Top