Трикратните англиски шампиони, Вулверхемптон вондерерс обезбедија пласман во Премиер лигата следната сезона, откако Брентфорд и Фулам одиграа нерешено. „Волците“ утре играат со Бирмингем сити во меч во кој можат да ја запечатат титулата од Чемпионишипот, додека Сити се бори за опстанок во втората лига.
Тренерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто вели дека нема да дозволи неговите играчи да се „занесат“ од влегувањето во елитата.
„Ова не е забава, ова е фудбалски натпревар. Кога ќе добиеме натпреварот, нека слават. Дотогаш нема шанси за такво нешто, бидејќи уште не сме оствариле ништо“, изјави Португалецот.
„Волците“ последен пат играа во Премиер лигата од 2009 до 2012 година.