Top Sport

Вулверхемтон во 95. минута „спаси“ поен против Њукасл (видео)

На Њукасл јунајтед му беа потребни само секунди за да забележи победа на тешкото гостување кај Вулверхемптон, но тимот на Рафа Бенитез прими гол во 95. минута за 1:1 реми на „Молињу“.

Њукасл повторно е вклучен во борба за опстанок во Премиер лигата, а кај „волците“ тешко се освојуваат поени, како што претходно дознаа многу посилни состави од неговиот.

„Свраките“ дојдоа во водство преку Исак Хајден, кој во 56. минута од мечот, откако доби одлична топка во шестнаесетникот од Фабијан Шар. Овој резултат беше актуелен сѐ до финишот на мечот, кога во 95. минута, Вили Боли ја искористи трапавата реакција на голманот Мартин Дубравка за да донесе поен за Вулверхемтпон

Со поенот, „свраките“ се искачија на 16. место со 25 поени, само еден од зоната за испаѓање каде што прв загрозен е Саутемптон. Вулверхемптон се на високото седмо место со 39 поени.

Scroll to Top