Top Sport

За Алегри е добро што Паредес е нервозен, а не може без Влаховиќ во тимот

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го намали значењето на конфликтот што го имаше со аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Леандро Паредес и покрај шпекулациите дека тој одбил да тренира лут од малата минутажа која ја добива со „старата дама“.

„Имавме добар ручек во понеделникот за Велигден. Зборувавме со него. Сфаќам дека кој не игра ќе биде неревозен. Најважно е сите да останат концентрирани. Кога ќе направам избор, дури и да грешам, го правам за мојот тим. Задоволеен сум од неговата реакција бидејќи тоа значи дека сака да биде добар во последните два месеци од сезоната“, вели Алегри пред утрешниот меч од Лига Европ со Спортинг Лисабон.

Додека Аргентинецот има проблем да се пробие во првиот тим, во него е сигурен Душан Влаховиќ и покрај тоа што српскиот напаѓач има просечна сезона. 232годишниот Влаховиќ од почетокот на 2023 има пропуштено само два меча за Јуве и има само 10 гола оваа сезона, придонесувајќи за шпекулациите дека ќе биде продаден на крајот на сезоната.

„Знаете, го критикуваа и Кристијано Роналдо кога пристигна во Јуве. Тој ќе го најде патот до голот повторно, има само 22 години и станува подобар технички со секој натпревар“, вели Влаховиќ.

Scroll to Top