Top Sport

За да го добие Ругани Челси мора да го купи и Игуаин

Челси, односно новиот менаџер Маурицио Сари, не го кријат интересот за одбранбениот играч на Јувентус, Даниеле Ругани. „Сините“ се подготвени да платат за овој играч околу 50 милиони евра, а Ругани се согласил трансферот да биде реализиран, бидејќи е незадоволен од минутажата што ја има во Јувентус.

Челниците на Јувентус не се противат на трансферот, но поставиле услов дека Ругани може да се пресели во Челси, само доколку клубот од Лондон го купи и напаѓачот Гонзало Игуаин.

Според италијанските медиуми од Торнино на „Стенфорд Бриџ“ испратиле јасна порака: „Ако не го купите Игуаин, нема да го добиете Ругани“.

Во Јувентус по секоја цена се обидуваат да се ослободат од Игуаин, не поради неговите фудбалски квалитети, туку поради неговата годишна плата која измесува осум милиони евра.

Инаку, Игуаин, покрај со Челси се поврзува и со трансфер во Милан.

Scroll to Top