Дани Алвеш нема да биде дел од тимот на Барселона за мечевите од Лига Европа на УЕФА, „жртвувајќи“ го своето место во тимот за новите засилувања на Блауграна.
38-годишниот Бразилец се врати во Барса во декември, но досега настапуваше само во куп-натпреварувањата, и сега бидејќи на клубот му е дозволено да пријави само три нови фудбалери за ЛЕ, таа чест ќе ја имаат Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг, кои пристигнаа во зимскиот преоден рок.
Одлуката е направена за Чави Ернандез да има повеќе избор во нападот на составот во клучните нокаут мечеви, а бидејќи Траоре може да игра и на позицијата на десен бек, се очекуваше Алвеш да биде исклучен од тимот.
? The registered ?????? for the @EuropaLeague ?
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022