Тренерот на Челзи, Енцо Мареска потврди дека негова била одлуката напаѓачот Кристофер Нкунку да не биде во протоколот за последниот натпревар против Фулам.
Челзи славеше во 33. коло од Премиер лигата против соседите по голем пресврт во финишот од мечот. Мареска на новинарите им потврди дека Французинот не е повреден.
„Тоа беше само моја техничка одлука“, изјави Италијанецот.
Енкунку дојде во Лондон од Лајпциг за 52 милиони фунти, а крајниот производ вреди многу помалку од тоа.
Многу фактори придонесоа за падот на формата на Енкунку. Тој поради проблеми со повреди ја пропушти речиси цела прва сезона во Англија, а пред актуелната дојде до смена на тренерот на двократниот европски шампион.
Енцо Мареска го презеде тимот од Маурисио Покетино. Марсека смета дека Енкунку не е најсоодветната опција на ниту една од позициите што ги покриваат офанзивните играчи во неговиот систем.
Мареска по правило се држи до формацијата 4-2-3-1. Кристофер може да игра на сите позиции во нападот.
Тренерот на Челзи јавно призна дека за него Николас Џексон е „идеална деветка“.
Офанзивниот играч за врска Кол Палмер е најважниот фудбалер на тимот, а предност на крилните позиции имаат Педро Нето и Нони Мадуеке, а често и Џејдон Санчо, додека импресионира во финишот на сезоната и младиот Тајрик Џорџ.