Top Sport

За фановите на Милан тој ќе остане „Доларума“

Приказната која започна со „следењето на срцето“ и потписот за Милан, ескалираше со фрлање на лажни пари кон него, најверојатно ќе заврши така што Џиџио Донарума ќе остане еден од најомразените личности на фановите на „росонерите“, човек кој го заслужил прекарот „Доларума“.

Италијанскиот репрезентативец помогна Милан да се врати во Лигата на шампионите по пауза од осум години, но најверојатно ќе си замине од „Сан Сиро“ со шпекулации дека веќе се збогувал со своите соиграчи пред крајот на договорот на 30 јуни.

Проблемот е во понудата која Милан не можеше да му ја даде – 10 милиони евра по сезона (тие застанаа со 8 милиони) и 20 милиони евра бонус за неговиот агент Мино Рајола. Јувентус го чека со раширени раце.

Донарума беше блиску до потпис со Интер пред да реши да го „следи срцето“ и да замине во младинскиот тим во Миланело, добивајќи шанса да го игра првиот од 251 меча под Синиша Михајловиќ, кога имаше само 16 години.

Но, тогаш почнаа шпекулациите за неговата „алчност“ за пари, и 18-годишниот Донарума беше мета на лутите навивачи на Милан за време на Европското првенство до 21 година, кога за време на мечот против Данска му фрлаа лажни банкноти. Тој тогаш потпиша договор со Милан за 6 милиони евра по сезона, огромна сезона за толку млад фудбалер.

Навивачите на Милан не престанаа да се сомневаат во неговата верност со клубот, и оваа година пред мечот со Јувентус, упаднаа на тренинг на клубот и бараа лично да зборуваат со Донарума. Тогаш тие му дадоа ултиматум – или потпиши договор или не играј против Јуве. Милан реагираше на ова со стопирање на сите преговори со фудбалерите, а Донарума беше на голот при 0:3 победата против Јуве.

Тие остануваат на уверувањето дека се работи за неблагодарен фудбалер, посебно бидејќи клубот му даде договор и на неговиот постар брат, 30-годишниот Антонио Донарума. Секако, човек кој нема да им остане во добро сеќавање.

Scroll to Top