Top Sport

За фудбалската репрезентација на Нов Зеланд, прекарот „All Whites“ станува неприфатлив

Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд, која игра со бели дресови и затоа го има прекарот „All Whites“ (целосно бели), може наскоро да го загуби овој прекар поради „културна инклузивност“, иако славниот новозеландски рагби тим го носи прекарот „All Blacks“ (целосно црни), поради нивните дресови.

Прекарот „All Whites“ е добиен во текот на квалификациите за Светското првенство во 1982 година, кога почнаа да се носат белите дресови.

„Како и сите национални тела на Нов Зеланд, фудбалската асоцијација ја почитува културната инклузивност, и принципите на Те Тири о Ваитанги (договорот помеѓу Британците и Маорите потпишан во 1840 година н.з.). Од минатата година имаме процес за организација на спортот за иднината и се обидуваме да бидеме најинклузивниот спорт во Аотеароа (маорското име на Нов Зеланд н.з.)“, се вели во соопштението.

Ова е паралела на некои случувања во САД – таму НФЛ тимот на Вашингтон редскинс се откажа од прекарот, исто како безбол тимот на Кливленд индијанс. И во Нов Зеланд има сличен пример – во 2019, рагби тимот Кантербјури крусејдерс го сменија своето лого со витез со меч откако се оцени дека е неприфатливо да се претставува битка помеѓу христијани и муслимани (crusaders се крстоносни воини).

Scroll to Top