Поранешниот фудбалер на Милан и Интер, Франчесно Коко (42), кој дел од кариерата минал и во Барселона, го анализирал утрешното дерби во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Интер.
„Три работи ви се потребни за да победите на Ноу Камп: личност, интензитет и храброст. Доколку заминете таму знаејќи дека ќе изгубите, тогаш се распаѓате и губите. Но доколку го подготвите мечот без да размислувате за конечниот исход, можеби ќе ви се укаже шанса. Интер треба да одиграат со 110 отсто, не смеат да дозволат Барселона да ја ига својата игра“, рекол Коко.
Утрешниот дуел веројатно ќе го пропушти најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот е повреден, но Коко смета дека за Интер би било подобро тој да игра.
„Кога не игра Меси неговото отсуство се чувствува на теренот. Постои Барселона со Меси и Барселона без Меси. Но, можеби неговото отсуство нема да биде предност за Интер. Можеби за Интер е подобро тој да игра. Играчите на Интер би можеле да се опуштат знаејќи дека тој нема да игра и тоа да го плати со пораз“.
Интер и Барселона ќе играат утре од 21 часот. Во првото коло Барса одиграа 0-0 во Дортмунд, а Интер не успеаја да ја победат Славија Прага (1-1).