Top Sport

За Кафу, Милан се први фаворити за скудетото

Поранешниот дефанзивец на Милан и Рома, Кафу верува дека „росонерите“ се фаворитите за скудетото оваа сезона, иако во моментов Интер се на првото место и многумина ги сметаат нив за први фаворити.

Тимот на Стефано Пиоли вечерва игра во дерби против Наполи, и Кафу очекува многу тежок меч бидејќи доаѓа во клучно време.

„Милан беа елиминирани од Лигата на шампионите, но во Серија А се при врвот и можат до скудетото. Нема да биде лесно за Милан, но никогаш не е лесно. За мене, Милан се фаворитите. Играв со Инзаги во дербито на Рим кога бевме фудбалери, а покажа дека е силен интелигентен тренер кој ги проучува противниците. Никој не веруваше во него дека може да стане добар тренер, но сега заслужува пофалбите. Милан, пак, во Стефано Пиоли покажа дека е вистинскиот тренер за вистинскиот тим. Не е лесно да се остварат очекувањата во Милан поради историјата, но Пиоли не згреши досега“, вели 51-годишниот Кафу.

Scroll to Top