Top Sport

Тухел: Навивачите на Челси не се фер кон Саул

Менаџерот на Челси, Томас Тухел признава дека Саул Нигез се мачи по трансферот од Атлетико Мадрид, но додава дека дел од критиките кои навивачите на „сините“ ги имаат за Шпанецот се нефер.

27-годишниот Саул има периферна улога во тимот на Тухел иако беше најавуван како големо засилување, а посебно разочара во четвртокот кога влезе во игра како замена при 1:1 ремито со Евертон. На социјалните мрежи тој беше опишан како најголемото трансфер-разочарување на Челси во историјата и Тухел вели дека тоа не е фер.

„Дали Саул чувствува дека е во истата улога и одговорност како во Атлетико? Не, можеби не е така. Дали се мачи? Да, тоа е јасно. Но, дали то е првиот кој има проблем со адаптацијата на Премиерлигата? Ниту е прв, ниту ќе биде последен. Нашите играчи мора секогаш да се заштитени. Против Евертон играше како ‘шестка’, како ‘деветка’ и како задно крило. Дали тоа е фер за него? Не, најверојатно не. Затоа е потребно да се има поумерена реакција. Знам дека фановите се разочарани, но реакциите кои ги видов се причина зошто не сум вклучен на социјалните мрежи. Се надевам дека Саул не ги чита коментарите“, вели Тухел.

Scroll to Top