За Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ нема место во новиот Атлетико Мадрид. Дека му се бројани деновите на „Ванда Метрополитано“ стана јасно кога тој не се најде меѓу патниците за турнејата во Америка.
Калиниќ пред една години пристигна во Атлетико од Милан. Трансферот беше тежок 15 милиони евра, а имаше скромна сезона. Одигра седум натпревари и постигна два гола.
Симеоне во тимот има четворица напаѓачи Алваро Мората, Диего Коста, Иван Шапоњиќ и 126 милиони евра вредниот Жоао Феликс и јасно е дека Калиниќ е вишок.
За Калинќ е заинтересиран Тотенхем, но и турските великани Фенербахче и Галатасарај. Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е 10 милиони евра.