Top Sport

За Карагер Фердинанд е кловн

Поранешниот фудбалер, а сега стручен коментатор на Си-би-ес, Џејми Карагер го нарече својот поранешен соиграч од репрезентацијата Рио Фердинанд „кловн“, во шоуто по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Милан (2:0). Карагер почувствува дека судијата Хесус Гил Манзано ја донел вистинската одлука кога, по прегледот на ВАР, го поништи пеналот за Интер кога беа подобри од 2-0.

„Кловн е тој што ја гледа снимката од оваа ситуација и сепак мисли дека тоа е пенал“, изјави Карагер, со оглед на тоа што Симон Кјаер не направи пенал врз Лаутаро Мартинез.

Фердинанд, пак, работи на БТ Спорт и рече дека Интер требало да добие пенал, поради што Карагер реагираше со изјава.

„Рио Фердинанд. Среќен сум што можам да речам дека е кловн”.

Во својот подкаст, Фердинанд истакна дека луѓето во студиото, вклучувајќи го и поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, се согласуваат со неговата оценка дека Интер требало да добие пенал.

„Знаете што е лудо? Карагер го сака нашето шоу. Се гушкаме, се ракуваме и се смееме кога ќе се видиме. Не знам зошто покажа непријателство, не ми е јасно. Беше во нашата емисија, се гледаме, се е кул. Тој ги носеше моите копачки кога игравме за Англија. Инаку, ние сме во добри односи. Разговараме, се праќаме пораки. Ова сега не го разбирам Го сфаќам како шега. Ќе го прашам кога ќе го видам, но за мене ова е лудост, тој постојано ми праќа пораки“, одговори Фердинанд.

Scroll to Top