Лидерите на Бундеслигата, Борусија Дортмунд, сепак, велат дека фризерот не е виновен за ужасниот 3:0 пораз од Тотенхем во првиот меч од осминафиналето на „Вембли“, по кој за реваншот ги чека голем предизвик на „Вестфален“.
Германските таблоиди шпекулираа дека во тимот на Дортмунд недостасува фокусираност откако тимот го посетил омилениот фризер ден пред мечот, со неколку фудбалери кои добиле нов изглед. Сепак, генералниот директор Ханс-Јоаким Вацке, вели дека тоа не е причината за поразот, иако ситуацијата ќе биде „разгледана“.
„Тоа нема влијание на перформансите на тимот. За нашиот пораз има спортски причини и мораме да ги анализираме. Јасно е дека поразот исто така предизвика посетата на фризерот да се гледа критички во медиумите. Затоа спортскиот директор Михаел Цорк и менаџерот на тимот, Себастијан Кел ќе разговараат со фудбалерите“, вели Вацке.
По блескавиот старт на сезоната, Дортмунд сега има четири меча без победа и примија 9 гола во последните три меча.
Фото: ЕПА
Borussia Dortmund refuse to blame haircuts for Champions League defeat to Tottenham #epl: The Bundesliga leaders conceded two late goals in the 3-0 loss to severely damage their hopes of progressing to the quarter-finals… https://t.co/C8Uj8NAxyV pic.twitter.com/LaUPqWiP9W
— EPL Feeds (@eplfeeds) February 15, 2019