Top Sport

За клубот да не плати, Јусуф Демир нема повеќе да заигра за Барселона

Иако сметаа дека Јусуф Демир е нов „бисер“ кој би се вклопил одлично во младиот тим на Барселона, тој веќе нема да заигра за каталонскиот клуб за да не се активира клаузулата за откуп на неговиот договор од австрискиот Рапид Виена.

Демир е позајмен играч од Рапид, и доколку одиграше 10 меча за Барселона, шпанскиот клуб ќе требаше да плати 10 милиони евра за да откупи договорот, но поради финансиската состојба во која се наоѓа каталонскиот клуб, сметаат дека тоа не е неопходен трошок, посебно бидејќи ќе им бидат потребни средства за трансферот на Феран Торес од Манчестер сити.

Во јануари надоаѓа најавената голема „чистка“ во клубот, и се верува дека Демир е првиот кој ќе замине покрај барем уште четири фудбалери – Самуел Умтити, Филипе Кутињо, Сержињо Дест и Лук де Јонг.

Scroll to Top