Top Sport

За Левски ќе се најде „лек“, пола Бугарија навива за нас, вели Мијатовиќ

Црногорскиот голман на Левски од Софија, Милан Мијатовиќ вели дека не верува дека клубот ќе згасне и покрај таквите изјави во бугарските медиуми.

Генералниот директор на Левски, Павел Колев, спортскиот директор Ивајло Петков и тренерот Петар Хубчев веќе си поднесоа оставки, а сега клубот е во трка со времето да најде инвеститор или да згасне по повеќе од 100 години. Мијатовиќ не верува во црно сценарио.

„Проблемите почнаа во јануари, кога на претходниот претседател му беа блокирани сметките поради наводното перење пари. Потоа сите си поднесоа оставки. Очекувам во следните 10 дена да се формира нова управа и да се среди ситуацијата. За Левски навива пола Бугарија, дури и премиерот Борисов, така што сигурен сум дека ќе има решение. Во клубот имаше одлична атмосфера и сите прифатија да не земаат плата додека не се формира нова управа“, вели Мијатовиќ за „Вијести“.

Левски е најтрофејниот бугарски клуб со 26 титули.

Левски се наоѓа пред банкрот

 

Scroll to Top