Француската фудбалска суперѕвезда, Килијан Мбапе во минатото признаваше дека негов фудбалски идол е Кристијано Роналдо, како преку познатата фотографија од неговата соба облепена со постери на тогашната ѕвезда на Реал Мадрид, а сега по емотивната порака на Инстаграм на Португалецот, како да сакаше да го потврди статусот на CR7 како G.O.A.T (Greatest of All Time).
37-годишниот Португалец по поразот од Мароко, денеска се јави на социјалните мрежи со пост во кој призна дека сонот за СП е „завршен“, пост кој предизвика милиони лајкови и илјадници коментари.
Интересно, меѓу тие кои коментираа беше и Мбапе, кој постави три емотикони, од кои отскокнуваат круната и козата (goat), што посочува дека Французинот уште го цени Роналдо како најдобриот на светот.