Дисциплинската комисија на УЕФА го казни хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен, поради тоа што го прекршил членот 11.(2) од Дисциплинскиот правилник.
Ловрен навредил противник, поради што УЕФА му изрече суспензија од еден натпревар, во натпреварувањата што се во нејзина организација.
УЕФА не наведува кого навредил Ловрен, а се претпоставува дека суспензијата ја заработил поради „личната војна“ со Серхио Рамос.
Ловрен, по завршувањето на натпреварот во Лигата на Нации, помеѓу Хрватска и Шпанија, од соблекувалната му порачал на Рамос:
„Па сега зборувај мајсторе на прес конференција. Мајсторееее. Тое се обични пи..и. Само ова вреди, оваа страна“, рекол Ловрен покажувајќи го грбот на Хрватска.