Пол Погба уште е во плановите на Јувентус и покрај тешката сезона 2022/23 и останува „клучен“ играч во проектот, вели новиот спортски директор на „бјанконерите“, Кристијано Џунтоли.
Французинот се врати во Торини во 2022 година по крајот на договорот со Манчестер јунајтед, но имаше вистински кошмар – прво се повреди пред стартот на пред-сезоната, по која беше на операција. Кога се врати, тој веднаш се повреди и имаше вкупно 10 настапи зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе замине ова лето.
„Неговата ситуација е јасна, тој се враќа по тешка сезона и уште чекаме на него. Тој е клучен за нас, има искуство и квалитет на кој сметаме и кој треба да го искористи да биде ментор на момците“, вели Џунтоли.
Тој исто така одговори на шпекулациите дека Јувентус е подготвен да ги продаде најголемите ѕвезди Федерико Киеза и Душан Влаховиќ, како и Аркадијуш Милик.
„Имаме информации од многу клубови, но сметаме на Киеза, Влаховиќ и Милик. Не е тајна дека мораме да внимаваме на буџетот и да го адаптираме. Секако, ако има понуди кои не можат да се одбијат, мораме да ги разгледаме. Технички, сметаме на Влаховиќ и тој и Киеза во моментов се незаменливи. Но, ако има понуда тогаш мораме да ја разгледаме“, вели Џунтоли.