Top Sport

За Погба нема стартно место ниту во Франција?

Пол Погба повторно го чека клупата! Откако Жозе Мурињо дискретно го исфрли поранешниот најскап фудбалер од стартните 11 во Манчестер јунајтед, сега и Дидие Дешам нема да му даде шанса да го стартува пријателскиот меч со Колумбија.

Дешам претходно во интервју застана во одбрана на Погба, велејќи дека тој не може да биде среќен од ситуацијата во Јунајтед, но сега француските медиуми велат дека Дешам ќе се реши за партнерството Н’Голо Канте-Блез Матуиди во 4-4-2 системот. Томас Лемар и Килијан Мбапе ќе бидат дел од стартниот тим, исто како и Антоан Гризман и Оливие Жиру.

Фото: ЕПА

Дешам: Нормално дека Погба не е задоволен во Јунајтед

Scroll to Top