Top Sport

За Руни, „ножичките“ против Сити не се неговиот најубав гол (видео)

Вејн Руни открива кој е неговиот најдобар гол во кариерата, и зачудувачки не се работи за прекрасниот гол со „ножички“ за победа во дербито со Манчестер сити во 2010 година.

34-годишниот Руни постигна 183 голови во Премиер лигата за „ѓаволите“ од 2004 до 2017 и постигна еден куп одлични голови, но сега откри кој е неговиот најдобар.

„Кога ќе зборуваме за омилените голови, секогаш велат дека се работи за голот против Сити, но ако зборуваме за тоа кој беше најдобар според движењето, тимската работа и контролата, тоа е голот против Виган, кога Рафаел нафрли од десната страна, а мојот тајминг беше совршен“, пишува Руни во колумна за „Тајмс“.

И покрај успехот пред голот, тој смета дека никогаш не бил природен „број 9“ и дека работел на својата игра, а се потсети и на советот кој му го дал Сер Алекс Фергусон.

„Учиш како што се движи времето. Најдобриот совет ми беше од Ферги: ’Работиш пренапорно’. Прво се замислив што мисли со тоа. Но, сфатив дека порано трчав колку што можев и во последните 10 минути бев уморен. Менаџерот сакаше да имаме енергија и за последните минути“, додава Руни.

Scroll to Top