Интер ја активираше клаузулата во договорот што го има Стефано Сенси. Клубот од „Џузепе Меаца“ по завршувањето на сезоната ќе го откупи договорот на италијанскиот репрезентативец.
На почетокот на сезоната, Интер од Сасуоло го позајми Сенси. За позајмицата Интер издвои пет милиони евра. Во договорот постои клаузула според која Интер може да го откупи договорот за 20 милиони евра.
Иако поради повредата одигра само 1.000 минути Сенси Интер реши да ја активира клаузулата бидејќи интерес за Снеси покажа и Барселона.
Стефано Сенси во кариерата има настапувано и за Сан Марионо односно Чезена.