Нејмар, најскапиот светски фудбалер, на Светското првенство во Русија, покажа малку на теренот, а вниманието го привлекува со својот изглед и однесување.
Клучниот играч на Бразил, секојдневно е на удар на јавноста, најпрвин поради фризурата, а потоа и поради обидите на секаков начин да избори прекршок.
Особено се „истакна“ на натпреварот против Костарика, кога само поради ВАР системот не беше досуден смешен пенал за Бразил.
Со Нејмар мајтап тераат и неговите сонародници, иако тој е најчесто фаулираниот играч на СП.
Еден бар во Рио де Жанеиор решил да ги чести пијалак своите гости секогаш кога Нејмар ќе падне на теренот на „Отритие“ арена, на натпреварот против Србија (среда, 20 часот).
Поради тоа „Сер Валтер паб“ добил рекорден број на резервации.